еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Пановски за новите мерки: Три пати дарува крвна плазма, спасува животи и има 32 илјади антитела, а државата му брани да оди на работа?!

Нелогични, противуставни и присилни се најновите предложени мерки од Комисијата за заразни болести за невакцинираните, оценува професорот на Медицинскиот факултет, доктор Никола Пановски во изјава за „Слободен печат“.

За него особено несфатливо е што здравствените власти не го признаваат фактот дека прележувањето ковид создава природен имунитет, кој е долготраен и трае и една година.

-Познавам многу луѓе со слични примери, но ќе ви кажам само еден: Човек кој три пати дарува крвна плазма, прележал ковид, има силен имунитет и антитела од 32 илјади, не само што со ваквите мерки не му го признаваат имунитетот, туку и не му даваат да оди на работа?!

Значи човек чија крвна плазма ја користат за да спасат животи, го малтретираат да се вакцинира.

Има граѓани кои не се антиваксери, туку се обесправени на начин што природно стекнатиот имунитет им се оспорува, иако на тестовите за антитела се покажува реалната слика.

И друга нелогичност со овие присилни мерки за присилна вакцинација е тоа што се прави поделба на граѓаните среде пандемија на вработени во јавен и во приватен сектор. Која пандемија препознава таква разлика, прашува доктор Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема присилна вакцинација, истите мерки се имплементираат во регионот и светот, велат од Министерство за здравство

Задолжителната вакцинација и во приватниот сектор, бара Стопанската комора

Вакцинацијата мора да биде лична определба на работниците, велат од Сојузот на синдикати на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Холандски параглајдерист падна на Галичица, со хеликоптер е транспортиран за Скопје

Редакција

Семејство со три деца, невработена самохрана мајка и две постари лица добија хуманитарни пакети од поделбата на џиновската пита на „Питијада 2022“

Редакција

(Видео) Прекрасна игра на мечиња во Националниот парк Маврово

Редакција