еМагазин
Image default
Македонија

Да не се излегува од дома ако се нема потреба, апелира Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција упати апел до граѓаните да не излегуваат од дома ако се нема потреба.

„Дозволете да упатам една порака за граѓаните. Состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот. Сакам да се заблагодарам на сите здравствени работници, сите вклучени во овој процес, за надчовечките напори кои што ги даваат во моментот. Знам дека се преморени, но искрено верувам дека ќе одговориме и на овој огромен здравствен предизивик за да издржиме и се избориме со овој опасен бран.

Бараме поддршка од сите, од граѓаните, од медиумите, буквално од сите. Колку и да е ова до сега повторено, ќе повторам дека клучот во битката и стабилизирањето на состојбата е доследното почитување и придржување до мерките. Вирусот е широко распостранет, и најмало невнимание или отстапка може да значи инфекција.

Имаме одлично димензионирани мерки, на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести заклучивме дека дополнителни рестрикции во овој момент не треба да се прават, апелирам да се почитуваат сегашните рестриктивни мерки, да не се излегува од дома ако се нема потреба. Освен ако се нема некоја голема потреба, во маркет, на работно место или во училиште. Само сите заедно, солидарни и одговорни можеме да се справиме со кризата“, посочи Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Имаме експлозија на вирусот, целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за третман на пациенти со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Снимка од надзорна камера покажува колку беше силен земјотресот во Битола

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.244 болни од Ковид-19

Редакција

Кривичниот суд не го прифати барањето за притвор на поранешниот директор на Централен регистар

Редакција