еМагазин
Image default
Македонија

Да нема собирања за Бадник и Божик, потсетуваат од МВР

Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ, број: 298 од 16.12.2020 година) се забранува организација и одржување на прослави на јавни места и површини по повод престојните празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година, потсетуваат од МВР.

„Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата, МВР ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса [email protected], на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници.

МВР, ценејќи ја заложбата на граѓаните во насока на спречување на пандемијата и зачувување на јавното здравје, уште еднаш упатува апел до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сѐ со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје,“ велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ и ССНМ бараат посебно одделение во ОЈО за заштита на новинарите

Редакција

Пендаровски: Да не се занимаваме со изјави од Бугарија додека не добиеме соговорници со целосен политички легитимитет

Редакција

Нови 109 случаи на Ковид-19 од 1.062 тестови

Редакција