еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Скопски Кривичен се прогласи за ненадлежен за обвинението за Мерко, го препрати во струшкиот Суд

Основниот кривичен суд Скопје се прогласи за ненадлежен за обвинението за градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, кадар на владејачката ДУИ и истото го препрати во Основниот суд Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По неколку години обвинение за Мерко за набавката на „аудито“ вредно 67 илјади евра

Од таму информираат дека Специјализираното одделение за организиран криминал и корупција (КОК) при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по обвинителниот предлог со КО бр. 27/24 против обвинетиот Р.М. од Струга за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.4 вв со ст.1, „донесе решение со кое се огласува за стварно ненадлежно и, предметот, по правосилноста на решението, ќе биде доставен на надлежно постапување во Основниот суд Струга“.

Судот нагласува дека согласно чл. 32 од Законот за судови, Специјализираното одделение (КОК) е надлежно за кривичните дела: Злоупотреба на службена положба од чл. 353 ст.5, Примање поткуп од значителна вредност од чл. 357 и Противзаконито посредување од чл. 359 од КЗ, извршени од избран или именуван функционер, службено лице или одговорно лице во правно лице.

„Имајќи го предвид наведениот член од Законот за судови, последните измени на Кривичниот законик објавен во Службен весник бр. 188 од 07.09.2023 година, како и правната квалификација од обвинителниот предлог, односно ставот 4, Судот утврди дека Спелцијализираното одделение за оргнизиран криминал и корупција не е надлежно за судење на кривични дела од чл. 353 ст.4 вв со ст. 1, како што јавниот обвинител го поднел обвинителниот предлог, туку цитираните одредби од Законот за судови се однесуваат само на делото пропишано во став 5 од овој член.

Со оглед на сето тоа стварната надлежност да постапува е судот со основна надлежност на чие подрачје е извршено кривичното дело. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, велат од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, за кој Обвинителството поднесе обвинение за набавката на луксузното „ауди“

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Кисела Вода склучи договор од 1,1 милион евра со „Мастеф“

Редакција

Радев: Притисокот кон Бугарија заради ветото за Македонија ќе се зголемува

Редакција

6 починале: Вкупно 663 граѓани во Македонија по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција