еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како да најдете работа во Србија и Албанија, почна да функционира мерката “слободен пристап до пазарот на трудот“

Почна да функционира мерката “слободен пристап до пазарот на трудот“ за Македонија, Србија и Албанија во рамки на инцијативата Отворен Балкан.

Заинтересираните граѓани најпрво треба да извадат Идентификациски број на Отворен Балкан на порталот за е-услуги во својата држава, со што потоа аплицираат за Одобрение за слободен пристап до пазарот на трудот во останатите две држави.

Постапката се одвива целосно електронски и трае до 30 дена.

Откако заинтересираните граѓани ќе се најават на uslugi.gov.mk и ќе поднесат барање за издавање Идентификациски број за Отворен Балкан (OB ID), кое веднаш се генерира, следен чекор е со тој број да аплицираат за Сертификат за слободен пристап до пазарот на труд во Србија (euprava.gov.rs) или во Албанија (e-albania.al).

Постапката е целосно и детално опишана на следниве линкови: uslugi.gov.mk и av.gov.mk.

Oдговорни институции за спроведување на мерката во Македонија се Министерството за информатичко општество и администрација преку порталот uslugi.gov.mk во делот на издавање Идентификациски број за Отворен Балкан, Министерството за внатрешни работи во делот на издавање матичен број за странци и центрите на Агенцијата за вработување во делот за издавање сертификат за слободен пристап до пазарот на труд, со кој се овозможува вработување во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Болен бев наставничке“: Урнебесни твитер реакции за „враќањето“ на Мијалков

Редакција

(Вознемирувачко видео) Македонија згрозена: Малолетно дете во Кочани тепано од неколку мажи, таткото со оружје порача ќе се одмаздам

Редакција

Кој е Сашо Симјановски, кој по предлог на Владата влезе во Одборот на директори на Македонски Телеком

Редакција