На онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација.
На оваа веб страна, креирана од Министерството за здравство, ќе ги најдете и најчестите митови и вистини за вакцините против Ковид-19.
Дали бројот на починати од Ковид-19 намерно се прикажува висок, вклучува и луѓе кои веќе биле болни со други состојби?
Вистината е дека во извештајот на Центрот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) од САД за смртни случаи како резултат на Ковид-19, истражувачите откриле дека Ковид-19 може директно и индиректно да доведе до смртност.
Луѓето со основни состојби како што се дијабетес или дебелина се изложени на поголем ризик од заразување со Ковид-19, отколку оние кои немаат хронични болести.
Вистина е дека одредена здравствена состојба на една личност може да придонесе за смртен исход од Ковид-19.
Меѓутоа, ако лицето не се заразило со вирусот, тешко дека нивната здравствена состојба би довела до нивна смрт.
Бројот на жртви од Ковид-19, всушност, е веројатно поголем отколку што покажуваат сегашните бројки.
Луѓето кои умираат од Ковид-19 без да бидат тестирани, на пример, може да не бидат вклучени во моменталното сметање.
Државниот завод за статистика излезе со бројка на починати во 2020 година, која статистички е многу повисока од минатите години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали да се добие имунитет природно е побезбедно, отколку да се добие од вакцина против Ковид-19?
Кој не треба да се вакцинира против Ковид-19?
Дали вакцините против Ковид-19 ја менуваат вашата ДНК и предизвикуваат рак?
Фото: МЗ