еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Дали е легално вложувањето во криптовалутите во странство и каков третман имаат овие трансакции во платниот промет со странство?

Во глобални рамки речиси и да не постои регулатива којашто го регулира издавањето, вложувањето и тргувањето со крипто-средства, иако потребата за регулирање станува сѐ поочигледна, велат од Народна банка во врска со прашањето дали е легално вложувањето во крипто-средства во странство и каков третман имаат овие трансакции во платниот промет со странство?

„Крипто-средствата од аспект на формалните квалификации главно се делат во две категории:

крипто-средства коишто се наменети за плаќање (англ. payment type), коишто имаат карактеристики на биткоин (англ. Bitcoin-like crypto-assets – BLCA) и се класифицираат како нефинансиски средства, а вложувањата во такви крипто-средства имаат третман на вложувања во нефинансиски, нематеријални средства, заради што овие трансакции се тековни, а не финансиски и

крипто-средства коишто имаат карактеристики на финансиски инструменти (англ. stablecoins, asset-referenced token) и се класифицираат како финансиски средства/вложувања.

Кај нас, како и во други земји, прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средствата не е регулирано, вклучително ниту во Законот за девизно работење (и неговите подзаконски акти) којшто го регулира и работењето со странство.

Сепак, ова не значи дека работењето со крипто-средствата е недозволено, туку во моментов тоа е нерегулирано.

Поради комплексноста и анонимноста, трансакциите со крипто-средства имаат повисоко ниво на ризик од перење пари и финансирање тероризам.

Оттука, банките се должни да ги почитуваат покрај соодветните барања поврзани со девизниот режим, така и прописите поврзани со спречувањето перење пари и финансирање тероризам,“ велат од Народна банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што треба да знаете за криптовалутите: Кои се разликите помеѓу нив и парите?

Фото/Photo by Executium on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти

Редакција

Расте бројот на должници кон УЈП

Редакција

Четворица нови случаи од Дебар заразени од корона вирусот, вкупно бројката достигна 13

Редакција