еМагазин
Image default
Бизнис

Фершпед лани работел со добивка

Фершпед АД Скопје за периодот јануари-декември 2020 година оствари оперативна добивка во износ од 67.453 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех, информира компанијата преку Македонската берза.

“Остварените вкупни приходи во периодот јануари-декември 2020 година изнесуваат 3.336.159 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2019 година бележат намалување од 11 %.

Оперативните приходи во износ 3.324.785 илјади денари учествуваат со 99,7 % во вкупните приходи и истите бележат пад од 11 % во споредба со оперативните приходи во 2019 година.

Финансиските приходи учествуваат со 0,3 % во вкупните приходи и истите бележат намалување.

Вкупните расходи во износ од 3.259.542 илјади денари бележат пад од 10 % во однос на вкупните расходи во 2019 година.

Оперативните расходи во износ 3.257.332 илјади денари бележат пад од 10 % во однос на 2019 година.

Најголемо учество во оперативните расходи со 84 % имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци во износ од 2.752.223 илјади денари.

Финансиските расходи бележат значително намалување во однос на истите од претходната година.

Фершпед АД Скопје за периодот јануари-декември 2020 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 68.146 илјади денари“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Цементарница Усје“ ја зголеми добивката

Редакција

Блок 1 на РЕК Битола утрово исклучен од мрежа

Редакција

Раст на прометот, пад на бројот на трансакциите на Македонската берза во ноември

Редакција