Во спорниот регион Нагорно-Карабах синоќа повторно избија борби меѓу војските на Азербејџан и Ерменија, откако азербејџанската армија ги нападнаа ерменските позиции.
Азербејџанските војници ги нападнаа ерменските позиции на три позиции со артилерија и оружје од висок калибар, соопштија руските медиуми, повикувајќи се на ерменското Министерство за одбрана.
Во меѓувреме, азербејџанското Министерство за одбрана во Баку извести дека борбите биле предизвикани од обид за ерменска саботажа.
Двете земји со децении наназад имаат несогласувања за регионот Нагорно-Карабах, кој во советско време имаше мнозинско ерменско население, но легално беше дел од Азербејџан.
По распадот на Советскиот Сојуз, Нагорно-Карабах прогласи независност од Баку како Република Арцах, со поддршка од Ереван, што предизвика тригодишна војна. Војната заврши во 1994 година со победа на Ерменија, а Нагорно-Карабах беше под ерменска контрола четвртина век, иако неговиот статус никогаш не беше меѓународно признат.
По една деценија стагнација, Азербејџан во 2020 година повторно зазеде големи делови од регионот, принудувајќи ја Ерменија да направи големи територијални отстапки. Ова вклучуваше одредба со која се ограничува пристапот на Ерменија во регионот до безбеден коридор надгледуван од руски мировници. Во меѓувреме, примирјето на неколку пати беше прекинувано со спорадични напади од двете страни.
МИА/Фото: Руско министерство за одбрана