еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дамјан Манчевски назначен за генерален менаџер на MAK-SYSTEM во Скопје и Белград

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација и генерален секретар на СДСМ, Дамјан Манчевски на неговиот фејсбук-профил информираше дека е назначен за генерален менаџер на двете компании на MAK-SYSTEM (www.mak-system.com) во Скопје и Белград.

„Формирана во 1984 година, денес со седиште во Лондон, MAK-SYSTEM е водечки светски провајдер на медицински софтвер за менаџмент на крв, плазма, ткива и клетки.

MAK-SYSTEM е пионер во оваа област, кој произведува врвен софтвер за контрола на ланецот за менаџмент на крвни продукти, од донација до трансфузија.

Компаниите на MAK-SYSTEM се лоцирани во Лондон, Париз, Мадрид, Брисел, Чикаго, Франкфурт, Скопје и Белград. На 20 февруари 2020 година, Carlyle Group (www.carlyle.com) значително инвестираше во MAK-SYSTEM и ја превзема контролата на компанијата. Carlyle Group е една од најголемите и најраспространети инвестициски компании во светот.

Ми претставува чест што сум дел од менаџментот на MAK-SYSTEM. Нашите производи, развиени од нашата македонска компанија во изминатите три децении, станаа светски стандард и водечка солуција и можат да се најдат во банките за крв и болниците насекаде низ светот.

За разлика од другите ИТ/софтверски компании, нашите тимови во Скопје и Белград придонесуваат во целиот процес на развој, продажба и одржување и директно ги надгледуваат бенефитите кои нашите производи ги нудат на здравствената заедница, со која се во директна комуникација.

Имајќи ја предвид големата побарувачка за нашите производи, нашиот тим треба да расте. Затоа, бараме искусни, но исто така и помлади програмери да се присклучат на нашиот тим.

Ги бараме најдобрите со цел да продолжиме да ги унапредуваме нашите производи, кои се најдобри во светот во една многу специфична област. Сакаме и понатаму да ја прошириме нашата екстремно ретка приказна за изворно балкански технички производ кој станал светски стандард.

Со оваа нова ера во MAK-SYSTEM, ќе ја однесеме компанијата до нови повисоки нивоа. Се со цел да ја олесниме работата и животот на пациентите и медицинските работници, во линија со новите технологии на иднината,“ напиша Манчевски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје приведен Горан Стојков, поранешниот командант на „Лавови“

Редакција

Австрија нема да ја прифати Украина во ЕУ без Западен Балкан

Редакција

Иницијатива до Врховен за „оживување„ на помилувањата на претседателот Иванов

Редакција