еМагазин
Image default
Македонија

Даштевски тврди дека во 99% од избирачките места апаратите за отчитување отпечаток од прст работеле добро

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски оцени дека изборите во однос на првиот круг се успешни. Тој изјави дека излезноста на локалните избори во првиот круг е околу 51,5 проценти.

Во дневникот на ТВ Сител, Даштевски истакна дека до ДИК се стигнати неколку приговори, а рокот за поднесување приговори истекува 48 часа по изборите, односно денеска. Во однос на решенијата за уверение за завршени избори, тие ќе бидат издадени десет дена по завршување на изборите, односно во ноември.

– Овие избори се најголеми избори досега, потрошени се 60 тона хартија и испринтани се 45 милиони ливчиња и затоа беа многу тешки да се спроведат, додаде претседателот на ДИК.

Во 99 проценти од избирачките места, уредите за отчитување отпечаток од прст работеа добро, рече Даштевски и додаде дека во текот на денот на гласањето донел само шест решенија со коишто се преминува на класично гласање, што во главно биле планински места.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отстрането бугарското знаме од конзулатот во Битола, МНР со осуда

Редакција

Каракачанов: Ако потклекнеме сега, Скопје ќе бара измислениот македонски јазик да се учи во Ќустендил

Редакција

Корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Македонија, велат од Стејт департмент за измените на Кривичниот законик

Редакција