еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Македонија, велат од Стејт департмент за измените на Кривичниот законик

Корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Македонија, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањето дали новите измени во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за злоупотреба на функцијата и за злосторничко криминално здружување ќе ги отежнат напорите на САД да помогнат во борбата против корупцијата во државата.

-Ја охрабруваме Северна Македонија да ги исполни нејзините ветувања за борба против корупцијата. Лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи, антикорупциски резултати преку зајакнување на институционалната независност и спречување на политичкото мешање, особено во судствотото, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата, се вели во изјавата од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наскоро упатен акт за бизнисменот Кочан за издржување на казната за „Труст“

Редакција

Од јануари граѓаните можат да отворат денарска сметка за основни функции

Редакција

Владата објави список со актуелните „тајни хонорарци„

Редакција