Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Мароко се искачи на над 2.000 лица.
Расте и бројот на повредени, кој е над 1.400 лица, а материјалната штета е голема.
Од земјотресот се погодени неколку градови во земјата.
Земјотресот, кој се случи вчера, беше со интензитет од 6.8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во провинцијата Ал Хоуз, југозападно од Маракеш, популарна дестинација за странските туристи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Вознемирувачко видео) Најмалку 820 лица загинаа во земјотрес во Мароко
Видео: NBC News/MSNBC/Wall Street Journal
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.