еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца македонски државјани евакуирани во камп во Маракеш по земјотресот во Мароко

Од Министерството за надворешни работи (МНР) информираа дека нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро, е во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални наши државјани во погодените региони и потреба за евакуација.

-Во нашето Дипломатско конзуларно претставништво во Каиро досега се пријавени само двајца наши државјани, кои се евакуирани и моментално се во камп во Маракеш, во добра состојба и утре вечер патуваат за Мадрид, се наведува во соопштението од МНР.

Од МНР ги повикуваат сите државјани на Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273 – 732.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Најмалку 820 лица загинаа во земјотрес во Мароко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девојчето кое почина од струен удар во Илинден имало 14 години: Детали од Обвинителството

Редакција

Заев до Усеини: Тргни ја дивоградбата или државата ќе ја руши

Редакција

Кој е Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер

Редакција