еМагазин
Image default
Бизнис

ДЕ-ИНВЕСТ – дел од успешната приказна со раст во ЕУ, Југоисточна Европа, Азија и Средниот Исток

Присутна речиси 15 години во Македонија, компанијата ДЕ-Инвест чија главна дејност е консалтинг, проектен менаџмент и инвестиции, е дел од групацијата која е присутна во ЕУ, Југоисточна Европа, Азија и Средниот Исток.

За пошироката јавност можеби не толку позната, меѓутоа компанијата соработува со голем број меѓународни бизнис клиенти од индустрискиот сектор, ексклузивно застапувајќи ги и помагајќи им во настапот во потенцијалните пазари и всушност со својата експертиза и знаење им нуди нови можности успешно да ги достигнат своите цели.

Компанијата има стратешки партнери во инженерство, енергетика и финансискиот сектор, но нуди и широко портфолио на услуги од областа на стратешки консалтинг.

За успехот на компанијата говори и повеќедецениското искуство на сопственикот Беким Земоски, кој пред основањето на ДЕ-Инвест, има широко претприемачко искуство на раководни позиции за повеќе германски компании, но и како сопственик на консултанска компанија од Минхен, Германија.

Конкретно за ДЕ-Инвест, тој вели дека нивната цел е да воспостават мостови и да ги поврзат бизнис партнерите користејќи го нивното сеопфатно искуство во повеќе области, давајќи посебен аспект на потенцијални капитални инвестиции во Македонија.

„Со нашето присуство во ЕУ, Југоисточна Европа, Азија и Средниот Исток им помагаме на нашите клиенти ефективно да ги совладаат предизвиците со кои би можеле да се соочат во нивниот делокруг и воедно да ги достигнат нивните цели.

Во делот на консалтингот нудиме стратешка и оперативна поддршка при пристап на пазарот, локална оперативна поддршка, но и целосно застапување на фирми. Благодарение на поддршката која ја нудиме, секојдневно сме сведоци на резултатите кои ги достигнуваат нашите клиенти, а нашата цел е и да продолжиме да делуваме во оваа насока“, изјави Земоски.

Тој додаде дека после приемот на Република Северна Македонија во НАТО и отпочнувањето на преговори со ЕУ, очекуваат во втората половина на 2021 година инвестиции на реномирани фондови и во капитални проекти.

„ДЕ-Инвест активно е вклучена во овој процес како дел од интернационален конзорциум. Во втората половина на 2021, Де-Инвест во партнерство со интернационални компании најавува конкретни инвестиции во Република Македонија,” вели Земоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пекабеско во „корона“ криза инвестирал 44 милиони денари

Редакција

Дизелот поевтинува за 1,5 денари, бензинот за половина денар денар

Редакција

Цените на бензините и дизелот непроменети, поевтинува мазутот

Редакција