еМагазин
Image default
Бизнис

Пекабеско во „корона“ криза инвестирал 44 милиони денари

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-јуни 2020 година изнесуваат 44 милиони денари и кумулативно за 7,5 години од кога е активиран новиот производствен-дистрибутивен погон инвестициите во основни средства достигнаа 581 милиони денари, информира Пекабеско АД Скопје преку Македонската берза.

“Долгорочната задолженост на 30.06.2020 година изнесува 379,3 милиони денари и во споредба со состојбата од минатата година бележи намалување од 8%.

Краткорочната задолженост на 30.06.2020 година изнесува 261,2 милиони денари и во споредба со состојбата од минатата година бележи раст од 68%“, информираат од компанијата.

За периодот јануари-јуни компанијата реализирала 38 нови вработувања, а 36 вработени го напуштиле друштвото. Бројот на вработени изнесува 481.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пекабеско со добивка од 42,6 милиони денари во време на „корона“ криза

Пекабеско предвремено ги исплати обврските кон државата како поддршка во националната борба со коронавирусот

Фото: Пекабеско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработените во ЕСМ може да се пријават за принуден одмор, најмногу два месеци

Редакција

Министерството за одбрана на привремени вработувања ќе потроши 195.000 евра

Редакција

Тендер „тежок“ 82.000 евра: Град Скопје купува патнички возила

Редакција