еМагазин
Image default
Бизнис

Вработените во ЕСМ може да се пријават за принуден одмор, најмногу два месеци

АД ЕСМ, во договор и со поддршка на Синдикатот, донесе одлука да им се овозможи на вработените доброволно да се пријавуваат за прекин на работниот процес од деловни причини, за период од најмногу два месеци, односно во период на траење на енергетската криза, со исплата на 70% од месечната плата на работникот.

„Можноста ќе важи за работниците кои се на работни места кои не се неопходно и најдиректно вклучени во производството на електрична енергија и на одлуката ќе и претходи одобрение од раководно лице. Целта на мерката е да се намалат трошоците во услови на криза.

Мерката првично беше конципирана како задолжителна, но со зголемување на обемот на обврски со кои Владата го задолжи АД ЕСМ во услови на енергетска криза, се појави потреба од прераспределба на вработените со цел извршување на новозададените деловни обврски.

АД ЕСМ во текот на кризата со електрична и со топлинска енергија го снабдуваше ЕВН Хоум со 100% од електричната енергија потребна за домаќинствата и малите потрошувачи, и дополнително го прошири својот обем на работа, интегрирајќи и други енергетски субјекти во својот систем, како ТЕЦ Неготино, ТЕ-ТО, менаџирањето со БЕГ и Скопје Север и снабдување на електрична енергија за системските загуби во мрежа на ЕВН и МЕПСО,“ соопштуваат од ЕСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Усвоен ребалансот на Буџетот: Пари за повисоки плати, вработувања, лекови…

Редакција

Зделка на Оилко со Макпетрол од 557,6 милиони денари

Редакција

Владата вработува 13 лица, плата до 31.414 денари

Редакција