еМагазин
Image default
Локално

Дебранец приведен за полов напад врз дете

Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар, приведоа дебранец како можен сторител на полов напад врз дете.

– Денеска во ОВР-Дебар, приведен е Б.Ф.(40) од Дебар, кој претходно е пријавен како можен сторител на казнените дела „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ и „прикажување порнографски материјал на дете“.

По целосно расчистување на случајот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Информираше дека синоќа во 21 часот, од слобода е лишен С.А.(40) од дебарското село Могорче, кој претходно извршил физички напад врз неговата сопруга. Против него, рече Димоски, ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На преминот Богородица за излез од државава активни сите сообраќајни ленти

Редакција

Инспектор фатен на дело: Земал поткуп од 600 евра

Редакција

Бизарен случај во Скопје: Дедо нападнал старица бидејќи не сакала да ја продолжи врската

Редакција