еМагазин
Image default
Балкан

Демократска Бугарија и Има таков народ ја одбија партијата на Борисов за нова бугарска Влада

Демократска Бугарија ја одби поканата од коалицијата ГЕРБ-СДС за преговори за поддршка на мандатот добиен од бугарскиот претседател Румен Радев за формирање нова влада по парламентарното избори на 4 април, соопшти лидерот на партијата Христо Иванов, поранешен министер за правда во една од владите на Бојко Борисов.

Одговорот е даден во писмена форма и е упатен до Десислава Атанасова, која е претседател на парламентарната група ГЕРБ-СДС.

Во писмениот одговор, Иванов соопшти дека предизборните определби на неговата партија и причината за длабоки реформи во судството и борбата против системската корупција ја исклучуваат можноста да одговорат на предлогот на ГЕРБ.

Според него, ГЕРБ продолжува да биде главен носител на маѓепсаниот модел на владеење „Борисов“ и обидите за лансирање фасаден модел на Советот на министри од именувани лица кои на никаков начин не го менуваат овој факт.

И од партијата Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов, исто така, одбија да разговараат со партијата на премиерот во оставка Бојко Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има 7 дена да предложи влада: Радев му го врачи мандатот на Даниел Митов за кандидат за нов бугарски премиер

МИА/Фото: Фејсбук/Трифонов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицотакис со поддршка за свикување на првата Меѓувладина конференција на Албанија и Македонија со ЕУ

Редакција

Најголем дневен пораст на бројот на новозаразени со Ковид-19 во БиХ

Редакција

(Видео) Трагедија во Романија: Најмалку 10 загинати во пожар во болница за третман на Ковид-19

Редакција