еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Демократски сојуз за препораките на историската Комисија: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што се отвора процес на бугаризација на Македонија, регираат од партијата.

„Работата на оваа комисија е рефлексија на решенијата содржани во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија со кој се дефинира заедничка историја и формирање на Комисија за историски и образовни прашања.

Формулациите за заедничко чествување на Светите Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил и препораките за менување на учебниците во двете земји кои ги усогласила заедничката комисија, директно го менуваат историскиот наратив во полза на бугарската национална и етничка кауза во Македонија.

Демократскиот сојуз оценува дека е неприфатливо со административни комисии и решенија да се менува минатото, со интенција со релативизирање на историските факти да се негира и обезличува македонскиот идентитет. Ова е безуспешен обид на транспозиција на современата свест во далечното минато и погрешно сфаќање на историјата, формирана во периодот на комунизмот.

Со оспорување на македонските просветители и револуционери кои се дел од кодот на секој Македонец, се негира македонскиот идентитет, неговите корени и иднината. Да потсетиме, тој што нема историја, нема иднина, а токму тоа сега се прави.

Ги повикуваме историчарите од Македонија, од регионот и од Европа и сите прогресивни луѓе, да застанат зад историските факти во одбрана на македонскиот народ и неговиот идентитет, историја, култура и јазик.

Договорот е со фабричка грешка, бидејќи поаѓа од наводна заедничка историја која ги поврзува двете држави и нивните народи, но Бугарија под таа формулација подразбира „бугарска историја“.

Како држава, треба да ги процениме сите ризици од прифаќање на решенијата на Комисијата за историски и образовни прашања, како и од продолжување на нејзината работа, особено што овие обврски се дел од Протоколот потпишан од министрите за надворешни работи на двете земји и истовремено се составен дел на Преговарачката рамка за нашето пристапување кон ЕУ, кои Бугарија може да ги користи за уцени и блокирање на евроинтеграциските прооцеси на Македонија.

Дополнително, ваквите решенија не водат кон нормализирање и унапредување на соработката меѓу двата народа и двете држави, што е наш заеднички интерес. Напротив, тие ќе ја продлабочат недовербата во целиот процес и ќе отворат многу други болни прашања на внатрешен план.

Инаку само носители на политички и дравни функции, без национална свест и интегритет, како и со лукративни цели, можат да не водат сметка за македонските национални и државни интереси„, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарските историчари прогласија прва победа: Цар Самоил и Охрид се бугарски, на ред одбрана на јазикот, Миладиновци, Делчев…

Академик Ќулавкова: Препораките на Комисијата се само уште еден обид да се проблематизира македонскиот идентитет, неговото потекло, историски развој и легитимитет

Цар Самоул владеел со Бугарско царство во Македонија: Што пишува во препораките на историската Комисија со Бугарија

Фото: Демократски сојуз

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косово поднесе апликација за членство во ЕУ

Редакција

Извештај на ЕК: Северна Македонија постигна добар напредок, потребни се поголеми напори во борбата против корупцијата

Редакција

Од Ковид-19 починале 21 лице, само едно е без коморбидитети

Редакција