еМагазин
Image default
Македонија

Денеска јавна седница во Апелација за предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Во Апелацискиот суд Скопје денеска ќе биде одржана јавна седница за кривичниот предмет за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Од Апелација соопштија дека јаваната седница е закажана за 10:30 часот.

Кривичниот суд Скопје на 30 ноември лани, за убиството на Денис Тот на повеќегодишни затворски казни ги осуди Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Ѓорѓиевски и  Левковска добија по 18, а Костовски 16 години затвор.

Дваесет и седумгодишниот Тот, кој настапуваше за македонскиот суперлигаш Бутел, почина на 8 април 2022 откако бил претепан пред ноќен клуб во Градски парк.

Според обвинителниот акт, Ѓорѓиевски, Левковска и Костовски, на 7 април по кратка расправија го нападнале Тот и му задале повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај него најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал.

Процесот го водеше судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а обвинението го застапуваше обвинителката Тања Трајчевска.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Сообраќајот се пренасочува: Пожарот се симна до автопатот Скопје-Велес

Редакција

Четворица новозаразени од коронавирусот денеска во Тиквешко

Редакција

Поранешниот претседател Иванов: Сведоци сме на национално предавство

Редакција