еМагазин
Image default
Локално

Денеска и утре ќе има посебен сообраќаен режим поради Задушница

Поради верскиот празник Задушница на 18 и 19 јуни (петок и сабота) во периодот од 06 до 16 часот на гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќај, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони, информираат од МВР.

Притоа, МВР ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за с.Мирковци, до влезот за гробиштата на ул.„Боца Иванова“ и излегување на ул.„Александар Урдаревски“.

По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров  по ул.„Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по ул.„Јужноморавски бригади“ и ул.„Роман Каскалиевиќ“.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарникар од Штип почина гаснејќи пожар

Редакција

Албански државјанин починал при градежни активности во селото Баланци

Редакција

Меѓу невработените во тетовско 11 лекари и 252 медицински техничари

Редакција