еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Албански државјанин починал при градежни активности во селото Баланци

Албански државјанин при изведување градежни работи во селото Баланци, Општина Центар Жупа, се здобил со тешки повреди и починал.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски потврди дека се работи за 41-годишен жител од Пешкопеја.

– Вчера во 16:20 часот, во Одделението за внатрешни работи во Дебар е пријавено дека, Т.Д.(41) од Пешкопеја-Република Албанија, при изведување градежни работи во селото Баланци, Општина Центар Жупа, се здобил со тешки телесни повреди и починал, изјави Димовски.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи и овластени лица од Државниот инспекторат за труд.

На подрачјето на оваа и соседните Општини Дебар и Маврово и Ростуше, албански државјани од пограничните населени места се ангажирани како градежни работници, дрвосечачи, но и во сточарството.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре променливо облачно со повремен дожд

Редакција

За една недела раст од дури 33% на заболени со Ковид-19 кај децата до 9 години

Редакција

Законот за амнестија за „27 април“ не доби поддршка во Собранието

Редакција