еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За една недела раст од дури 33% на заболени со Ковид-19 кај децата до 9 години

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 1 до 7 ноември покажуваат дека се регистрирани заболени лица со Ковид-19 во сите возрасни групи.

“Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=850, 24,3%).

Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=125; 3,6%).

Се забележува зголемување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително зголемување кај возрасната група од 0-9 години, 33,0% повеќе во однос на претходната недела.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.934 (55,2%) лица од женски и 1.570 (44,8%) од машки пол.

Со статус „оздравени“ се стекнале 2.294 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во болницата во Козле има 21 дете заразено со Ковид-19, од кои две се на кислородна поддршка

Минатата недела од Ковид-19 починале 79 лица, најмногу од Скопје, 31

Раст од 28,9%: Минатата недела 49 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова инвестиција на „Тиквеш“ во зголемување на капацитетот и квалитетот на приемот и преработката на грозјето

Редакција

Московската берза не е отворена цела недела, ќе остане затворена до 8. март

Редакција

(Фото) Во Новаци отворена најголемата приватна фотоволтаична централа на Балканот

Редакција