еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Денеска последен ден за купување граѓански обврзници од втората емисија

Од Министерството за финансии (МФ) потсетуваат дека денеска истекува рокот во кој граѓаните можат да запишат граѓански обврзници од втората емисија, за која аукцијата ќе се одржи утре.

Барањето за учество на аукцијата и уплата на средствата за кои граѓаните сакаат да купат граѓански обврзници може да го направат во сите деловни банки во земјата.

Проспектот за втората емисија Граѓанска обврзници, објавен на 18. октомври, е во износ од 10 милиони евра. 

– Граѓаните кои ќе запишат граѓански обврзници за својата инвестиција ќе добијат камата или принос од 5 отсто годишно, односно за две години вкупно 10% на вложениот износ. Исплатата на првиот купон ќе се изврши на 14. ноември 2024 година, додека вториот купон, односно каматата за втората година на 14. ноември 2025 година, истовремено со исплатата на вложените средства.

Граѓаните можат да вложат минимално 10.000 денари, со купување на една граѓанска обврзница, велат од МФ.

Граѓанската обврзница е нов инструмент на домашниот финансиски пазар кој го издава државата. Инвестицијата во граѓанска обврзница е безризична и сигурна, носи атрактивен принос за граѓаните и при тоа ја штити вредноста на нивните пари.

Граѓанската обврзница на пазарот е присутна од јули оваа година кога беше објавена првата емисија, а на која граѓаните пројавија 2,5 пати поголем интерес од износот кој беше објавен со Проспектот. Граѓанската обврзница на финансиски инструмент ќе биде присутна во континуитет на пазарот.

Покрај граѓанската обврзница како нов инструмент Министерството за финансии ја лансираше и Зелената обврзница, а ќе следуваат и развојна и проектна обврзница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте негативното мислење на Грците за македонскиот премиер Зоран Заев

Редакција

„Фершпед“ ќе исплати дивиденда во бруто износ од 550 денари по акција

Редакција

Твитер „поцрвене“: „Павле повлече нога, ајде да ви се множат оставките! Кој е следен?“

Редакција