еМагазин
Image default
Македонија

Денеска пресуда за случајот „Топлик“, во кој првообвинет е Миле Јанакиески

Во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Топлик“ во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

За злоупотреба на службената положба и овластувања, обвинети се уште пет лица од Министерството за транспорт и врски, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања.

Предметот кој беше отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на населбата „Сончев град“ во Сопиште.

Според обвинението, првоосомничен е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа. 

Случајот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителот Бурим Рустеми. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Францускиот печат го „подбра“ Макрон зашто не дозволи датум за преговори за Македонија и Албанија

Редакција

Пожар на паркинг зафати „ауди“ на Владата

Редакција

Кој ја зборува вистината: Знаел ли министерот Димитров за „Рекет“ или не?

Редакција