Денеска треба да пристигне првата пратка вакцини од Република Србија, информираше синоќа владината прес-служба.
Од Владата најавуваат дека на примопредавањето ќе присуствува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев.
Пратката вакцини ќе биде предадена на граничниот премин Табановце.
Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне во понеделникот, но беше одложено поради технички причини.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.