еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Денеска прва аукција за граѓанската обврзница

Првата аукција за граѓанската обврзница во вкупен износ од околу 600 милиони денари ќе се одржи денеска. Граѓаните во изминатиот период имаа можност да запишат обврзница со минимален износ од 10.000 денари.

Граѓанската обврзница, како нов финансиски инструмент се нуди со поволни услови – камата од пет проценти и рок на доспевање две години.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во неодамнешното интервју за МИА појасни дека се работи за  транспарентна, едноставна и поволна безризична финансиска инвестиција која нуди низа поволности за граѓаните.

– Граѓаните што ќе се одлучат да вложат во оваа обврзница, имаат неколку бенефиции. Прво, ова е безризична инвестиција. Второ, граѓаните ќе добијат околу пет проценти камата во однос на влогот.

Една обврзница што ќе се издава на аукција е 10.000 денари и доколку некој се реши да инвестира околу 100 илјади денари на 20 јули следната година ќе има пет илјади денари принос од камата. Наредната година уште пет илјади денари што значи вкупно 10.000 денари камата за 100.000 денари, рече Бесими.

И тој преку објава на „Фејсбук“ минатата недела соопшти дека поднел барање за купување на една граѓанска обврзница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет причини зошто граѓаните треба да инвестираат во граѓанската обврзница

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 јуни во Грција привремено се укинува задолжителната маска и во затворено

Редакција

Убава вест: 761 оздравени од Ковид-19

Редакција

Дали признавањето на хрватскиот јазик ќе стане услов за влез на Србија во ЕУ

Редакција