еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Препораките на историската Комисија треба да бидат спроведени во рок од две години

Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, владите на Македонија и Бугарија имаат обврска во рок од две години откако ќе бидат постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат, и тоа обострано врз принципот на реципроцитет, изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во врска со препораките на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, усогласени од македонска и од бугарска страна.

– Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, Владите имаат обврска во рок од две години откако се постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат. Секако тоа оди во фази и низ филтрите на институциите. Она што е задача на Комисијата е да утврди точки и наратив текстови за заедничко чествување и за евентуална корекција во учебниците.

Притоа да не заборавиме, тој текст којшто е договорен и Бугарија и С Македонија подеднакво имаат обврска да го имплементираат во својот систем и тоа функционира на принцип на реципроцитет, односно важечка е само доколку заедно ги имплементираме во двата системи, рече Маричиќ во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.

Во однос на содржината на договореното, рече дека тоа останува на историчарите, но напомена дека е вредно да се спомене дека во Комисијата членуваат седум врвни историчари, коишто ние како држава сме ги поставиле, вклучувајќи ги и оние коишто, вели, во меѓувреме заминаа од таа Историска комисија, а кои се согласиле околу текстот за цар Самоил.

– Ние целосно ја поддржуваме работата на Комисијата, и се што можеме како институција ќе помогнеме. Секако ќе бидеме внимателни да го заштитиме нашиот интерес, бидејќи им веруваме на луѓето коишто работат таму, а сите чекори во врска со имплементација на договореното ќе бидат координирани со нашите филтри на институциите и со комисиите за учебници, со сите оние други инстанци во Министерството за образование и наука и Владата и нема да направиме ниту еден чекор еднострано, значи се она што ние ќе го направиме би очекувале да го направи и Софија, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цар Самоул владеел со Бугарско царство во Македонија: Што пишува во препораките на историската Комисија со Бугарија

Академик Ќулавкова: Препораките на Комисијата се само уште еден обид да се проблематизира македонскиот идентитет, неговото потекло, историски развој и легитимитет

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ е на работ на анархија, вели Османи, ќе се исклучуваат ли „огнените„

Редакција

Кој е Зоран Димитриевски, еден од судиите кој одлучи Јанева да оди во куќен притвор

Редакција

Багер на Бехтел и Енка спречил голем шумски пожар кај Кичево: Како компаниите може да помогнат

Редакција