еМагазин
Image default
Бизнис

Во јуни пад на одобренијата за градба

Во јуни годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е за 13,4 проценти помалку во однос на јуни лани. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.691.127.000 денари, што е за 19,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во Скопскиот регион се издадени 73 одобренија, од кои најмногу во Илинден (24), во Карпош (16), Аеродром и Петровец по шест, Кисела Вода и Бутел по три,…

Предвидена е изградба на 550 станови со вкупна корисна површина од 40.493 метри квадратни. Најголем дел од становите, 388, ќе се градат во Скопскиот регион, а од вкупната бројка, 215 се во Аеродром, 84 во Кисела Вода, 26 во Петровец. Во Битола се планирани 78, Струга 26,..

Од вкупниот број  издадени одобренија за градење, 132 (47,7 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 57 (20,5 проценти) од нискоградба и 88 (31,8 проценти) за објекти за реконструкција.

Од 277 објекти, на 147 (53,1 процент) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 (46,9 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите убедливо на врвот

Редакција

Македонија не е повеќе на листата на ковид-ризични земји на Германија: Еве што Ви е потребно за влез

Редакција

Помалку фирми, повеќе граѓани на новата Листа на должници на УЈП

Редакција