еМагазин
Image default
Бизнис

Помалку фирми, повеќе граѓани на новата Листа на должници на УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата Листа на должници за долгови доспеани до 30.09.2021 и неплатени до 31.12.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници објавени се 1.762 должници – правни лица (помалку за 5 од претходната листа) и 3.036 физички лица (повеќе за 14 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 8.674.110.769 денари, помалку за 89.291.047 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.444.505.317 денари (помалку за 299.998.001 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 229.605.452 денари (повеќе за 158.640.337 денари од претходната листа).

Целата листа, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ 10 должници на новата Листа на должници на УЈП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе помогнат ли субвенциите: Објавен тендерот за „зелена нафта“ за земјоделците

Редакција

„Електроизградба“ го доби тендерот на Град Скопје за одржување на јавното осветлување и градските часовници вреден 524.000 евра

Редакција

Затворени 10 маркети и казни од 100.000 евра поради ненамалени цени

Редакција