еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во предлог-програмата за работа на новата Влада

Во 2022 година прв и основен приоритет ќе претставува националниот одговор на енерегетската криза, пишува во Предлог-програмата за работа на Владата за периодот 2022–2024 година на мандаторот Димитар Ковачевски, кој вчера ја предаде на собранискиот спикер Талат Џафери.

„Конечно мора да преземеме суштински, долгорочни и стратешки мерки за да ја спроведеме енергетската транзиција. За тоа да се случи имаме План, кој ќе го комуницираме и разработиме со домашната и со меѓународната експертска јавност.

Краткорочните мерки за намалување на негативните ефекти се подготвени, но нашата цел е да започнеме енергетска транзиција која ќе овозможи Република Северна Македонија да ја стекне својата енергетска самостојност и независност базирана на обновливи извори на енергија, со зелена, достапна за сите и ценовно ефективна енергија.

Убедени сме дека за тоа имаме капацитет и знаење, идентично како што имаме цврста волја тоа да го спроведеме и да успееме,“ наведува Ковачевски во Предлог-програмата за работа на Владата за периодот 2022–2024 година.

Во програмата се наведува дека Владата ќе стори сè стапката на инфлација да биде стабилна, како предуслов за одржување на предвидливото и растечко економско окружување и  активност, според обезбедениот План за поддршка и зголемување на животниот стандард и куповната моќ на населението.

Предвидено е рапидно зголемување на реализацијата на капиталните инвестиции, пред сè во стратешката инфраструктура во Коридорот 8 и регионалните и локалните инфраструктурни проекти.

„Клучна цел на економската политика на Владата ќе биде креирање на забрзан и одржлив раст на
економијата и пораст на бруто-домашниот производ (БДП) со забрзување на стапките на економски раст на среден рок од 2,5 %, на 5% просечен раст, притоа одржување на фискалната стабилност преку мобилизирање на капитал од приватниот сектор како дополнување на финансиските средства од буџетот и задолжувањата,“ се вели во програмата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седницата за избор на нова влада во сабота

Ковачевски во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа

Фото: Ковачевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Владимир Рендевски, новиот заменик министер за здравство

Редакција

Новиот Супермен е бисексуалец, синот на Кларк Кент ќе се заљуби во новинар

Редакција

Се очекува значителен пад на цената на нафтата

Редакција