еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Седницата за избор на нова влада во сабота

Претседателот на Собранието Талат Џафери седницата за избор на новиот состав на владата ќе ја свика во сабота, 15 јануари 2022 година, во 11 часот.

Ова Џафери му го соопштил на мандатарот Димитар Ковачевски на денешната средба кога тој во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа.

-Денеска, мандаторот за состав на новата влада на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, официјално му ги достави на претседателот на Собранието, Талат Џафери, Предлог-составот и Предлог-програмата за работа на новата влада.

На средбата посочи дека очекува изборот на членовите на владата и нејзината програма да бидат одобрени без одложување, соопшти собраниската прес-служба.

Претседателот Џафери на оваа средба го информирал Ковачевски, дека седницата за избор на новиот состав на владата ќе ја свика во сабота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иако има лесно зголемување на позитивни на Ковид-19 во Скопје и Тетово, нема нови мерки

Редакција

Каков имот пријавил поранешниот обвинител на СЈО, Гаврил Бубевски, кој ќе го застапува предметот „Монструм“

Редакција

„Гордана Јанкулоска 2015: Шупрајш Зоран Заев 2019: Вери гут“: Твитер реакции за премиерот и руските комичари

Редакција