еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Засега нема скратување на изолацијата, почетокот на учебната година ќе зависи од епидемиолошката состојба

Министерството за здравство информира дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци.

„На Комисијата се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледуваше и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година.

Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата.

Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се намали ли изолацијата, откако во Македонија се регистрирани случаи на омикрон

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе му бидат конфискувани и 25 станови: Мијалков призна вината за „Империја“ и доби три години затвор

Редакција

Македонски ученици со часови чекаа на српско-унгарската граница поради зголемен сообраќај

Редакција

18 прекршувања на полицискиот час, 631 казни за неносење маска

Редакција