еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Прекинат бојкотот на машиновозачите, се нормализира железничкиот сообраќај

Патничките и товарните возови од попладне повторно ќе сообраќаат. Прекинат е бојкотот на машинскиот и извршниот персонал на Железници Транспорт на Република Северна Македонија АД Скопје на кои денеска им се исплатени материјалните трошоци за минатиот месец, што беше причина за прекинот на  железничкиот сообраќај од вчера во 15 часот, потврди за МИА, Тони Димовски, претседател на Синдикатот на машиновозачите на Македонија.

Димовски изјави и дека добиле ветување од раководството на ЖРСМ Транспорт АД Скопје дека првиот дел од платата ќе им биде исплатен утре.

Тој најави дека железничкиот сообраќај ќе се нормализира и оти првиот патнички воз што ќе стартува  е тој на релацијата Скопје – Гевгелија во 16.55 часот.

Раководството на ЖРСМ Транспорт вчера оцени дека прекинот на работата е незаконски, односно дека не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор, како и дека не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите.

Машинскиот и извршниот персонал ја бојкотираше работата и во петокот минатата недела, барајќи исплата на материјалните трошоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Железничкиот сообраќај и натаму во прекин

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот на Европа расправаше за пресудите за македонското малцинство во Бугарија, која се уште не ги извршува истите

Редакција

Истрага „Дизајн“ на СЈО: Јанакиески ја фаворизирал кинеската „Јутонг“ за набавката на двокатните автобуси

Редакција

27 лица од новозаразените со Ковид-19 патувале неодамна

Редакција