еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Железничкиот сообраќај и натаму во прекин

Железничкиот сообраќај во државава и натаму е во прекин. Машинскиот и извршниот персонал во Железници на РСМ Транспорд АД Скопје продолжуваат со бојкотот се до исполнување на барањата за исплата на материјалните трошоци, како и на првиот дел од платата за февруари, информира за МИА, Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија.

Патничките и товарните возови не сообраќаат од вчера попладне откако машинскиот и извршниот персонал повтортно го активираа бојкотот од минатата недела.

Раководството на ЖРСМ Транспорт АД Скопје оцени дека станува збор за незаконски штрајк, што не бил најавен писмено.

– Незаконскиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно  Законот за работни односи и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите, оценија од ЖРСМ Транспорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекинат бојкотот на машиновозачите, се нормализира железничкиот сообраќај

МИА/Фото: Македонски железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Српскиот актер и пејач Иван Босиљчиќ од Битола: „Ова навистина беше наша вечер”

Редакција

Тие што се вакцинирале со „АстраЗенека“, втора доза може да примат од „Фајзер“ или „Модерна“: Канада дозволи мешање на вакцините

Редакција

Скопје, Белград и Тирана на еден ден ќе ги отворат меѓусебните граници

Редакција