еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стартуваа подготвителните активности за изградба на коридорите 8 и 10д

Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека од денеска започнува реализацијата на Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д.

Според договорот, од денеска започнуваат подготвителни работи, снимање на теренот, подоготовка на урбанистички проекти, основни проекти, со цел да се отпочнат и постапките за експропријација и проектирање.

Паралелно со ова започнува мобилизација на персонал за работа, подготовка на локации за поставување на кампови за градежната оператива, анализа на трасата и можни дислокации на подземни и надземни инсталации, подготовка на постапки за вршење на геотехнички истраги, велат од таму.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски вчера и честитал на Шекеринска

Редакција

Димовски: Сите 7 нормативни точки на македонската Резолуција ќе бидат прекршени ако Владата го прифати „францускиот предлог“

Редакција

50% од починатите од Ковид-19 донесени на лекување предоцна

Редакција