еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Денеска во Куршумли-ан започнува 14. издание на „МакеДокс“

14. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 17 до 24 август во Скопје под мотото #пресечи (#cutit). Тематски фокус на фестивалот е монтажата на документарните филмови.

Фестивалот ќе се одржи на 4 локации – Куршумли-ан, платото на Музеј на Македонија, Младински културен центар и Супи-ан, додека мастеркласовите ќе се одржат во Даутпашин амам.

Отворањето на фестивалот е на 17 август во Куршумли-ан, во 20 часот. На филмската програма се проекциите на филмовите „Над рудникот“ на Тео Аудоар и Лова Карлсон (Франција), во 21 часот, и „Танцувајќи ја Пина“ на Флоријан Хејсен Сиоб (Германија), во 21.15 часот.

Дејството во краткиот документарец „Над рудникот“ се одвива во Кируна, во северниот дел на Шведска. По низа чудни настани, градот е ставен во движење.

Долгометражниот документарен филм „Танцувајќи ја Пина“ е со приказна која ја слави уметноста на легендарната танчарка Пина Бауш и луѓето што денес ја толкуваат нејзината работа.

Два од нејзините танцови проекти покажуваат како младите танчари од целиот свет повторно го откриваат нејзиниот уникатен кореографски стил. Тие се водени од поранешни членови на компанијата „Танцтеатар“ на Бауш.

По филмската програма концерт во Куршумли-ан ќе одржи локалната група „Искра“.

Филмската програма на 14. „МакеДокс“ е распоредена во пет категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентски документарци и Програмата за деца и младинци. Земја во фокус годинава е Данска.

„МакеДокс“ во соработка со фестивалот на анимиран филм „Флипбук“ ќе прикаже и неколку наградувани анимирани документарни филмови кои биле дел од програмата „Анидок“.

Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација.

Ве поттикнуваме да ја искористите можноста за онлајн купување на билетите.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексклузивно претставување на Tikveš Chateaux & Domainеs на најголемиот Саем за вино ProWein 2019

Редакција

(Фото) Новата Galaxy Note10 серија на паметни телефони официјално претставена во Скопје

Редакција

(Видео) Едукација за Другаризација – во недела, 16.12.2018, совети за тоа како да се намали врсничкото насилство

Редакција