еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денис Јанкуловски-Космонаутко: Чувајте се, еден позитивен дома – сите позитивни

За зголемениот број на нови случаи на Ковид-19 во Македонија, на својот Фејсбук коментира и препознатливиот здравствен работник, Денис Јанкуловски-Космонаутко.

“Препозитивно е дефинитивно. Млади, стари, нема селекција. Еден позитивен дома – сите позитивни, во најголем број случаи. На моменти ми се чини дека вирусов го има насекаде, па и меѓу буквиве на тастатурава.

Не е ни битно кој сој е, Омикрон, Флукрон или како и да ги крстат. Нека е и КојГоСмислиКрон. Според она што го гледам (мислам дека е така или барем се надевам) доброто во цела оваа каша попара од големиот број на позитивни случаи е сепак малата хоспитализација и релативно лесна клиничка слика, но не кај секого, некои и потешко поминуваат, што укажува едно нешто многу важно:

Без опуштање и размислување како за нешто на кое не треба да му се придава значење, тогаш непријателот е најјак.

Затоа што никој ништо не знаеме, а малку треба за голема беља. А доста ни е од бељи!!

Само прифаќање на фактот дека е тука меѓу нас и соодветно совесно однесување за себезаштита и заштита на сите околу нас.

Толку треба за да биде се како што треба, да биде се’ во ред и нас да не биде.

И ќе биде.

Чувајте се. За дружби, за насмевки и прегратки во живо, за гуш и бац. За сето ова со сите што ни се сакани со кои сакаме и понатаму да го имаме секојдневието ЗАЕДНО.

За сите нив и секако за сите вас – Чувајте се„, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Сите коишто прележале пред јуни 2021 година, се потенцијални жртви на заразување со новиот омикрон сој

Доктор Лазаров: „Супермен не може да ги допрегледа и згрижи сите илјадници новозаразени од овие денови“

Кои се најчестите симптоми на омикрон?

Фото: Фејсбук/Јанкуловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тајните на Favorit апаратите за домаќинство при подготовка на зимница

Редакција

(Видео) Голгота на 86-годишна скопјанка: Никој не сакаше да ме оперира, спас најдов во Клиниката „Жан Митрев“

Редакција

Храна која содржи цинк: Минерал кој е важен за зајакнување на имунолошкиот систем во време на ковид пандемијата

Редакција