Во Македонија досега се регистрирани неколку случаи на новиот сој на Ковид-19 – омикрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проф. Трајковски: Омикрон сојот кај нас веќе се ширел најмалку 2-3 недели
Како што објави Дојче веле, досегашните податоци укажуваат дека кај повеќето луѓе, во најмала рака кај оние кои се вакцинирани против Ковид-19, омикрон предизвикува лесна болест која наликува на обична настинка – која е исто така форма на коронавирусот.
Иако многу нешта остануваат нејасни за омикрон, експертите имаат се повеќе податоци за тоа како оваа варијанта ги погодува вакцинираните, невакцинираните и оние кои веќе прележале ковид инфекција. Еден од тие заклучоци е дека луѓето заразени со омикрон се разболуваат побрзо и имаат симптоми кои се различни од претходните варијанти.
Научниците во САД досега ги откриле следните покарактеристични симптоми на новиот сој: кашлица, чувство на замор, течење од носот и затнатост.
Научниците во Велика Британија, пак, како најчести симптоми кај пациентите забележале и болки во грлото и главоболки.
Во поретки случаи се појавува и треска која најчесто ги погодува заразените во ноќните часови. За оваа состојба, која ја нарекуваат ноќно потење, јавија експертите од клиниката Мејо во САД.
За разлика од претходните варијанти на Ковид-19, како што пишува Дојче веле, ретки се случаите кога заразените го губат чувството на мирис или вкус, вели специјалистот за инфективни болести од Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), Кетрин Полинг. Сепак, Полинг потенцира дека овие симптоми се откриени врз база на досегашните извештаи за случаите на омикрон и не се резултат на научни студии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се намали ли изолацијата, откако во Македонија се регистрирани случаи на омикрон
Доктор Кунгуловски објаснува за ефикасноста на вакцините за омикрон сојот
Кои се симптомите на флурон, кој е комбинација на грип и Ковид-19
Целата сторија на Дојче веле, ОВДЕ.
Фото: МЗ