еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Митрополит Струмички Наум за Прочка: За вистински да простиме, треба да сме свесни за гревот 

Прочка е ден одреден од Црквата кога треба да побараме простување од нашите ближни, од оние на кои свесно или несвесно сме им згрешиле, и да им простиме на оние кои свесно или несвесно нам ни згрешиле, вели Митрополит Струмички Наум.

„Но, за вистински да побараме простување и вистински да простиме, неопходно е да станеме свесни во што се состои нашиот грев и каде е нашата вина. Секогаш кога постапуваме според заповедта на љубовта, нашиот ближен ќе го оправдаме, а вината ќе ја најдеме во себе. Кога, пак, не постапуваме според заповедта на љубовта, секогаш ќе се оправдаме себеси, а вината ќе ја најдеме кај нашиот ближен. Божјата правда е кога на злото му враќаме со добро и сведочење на Христос.

Љубовта е секогаш слободна, а слободата е секогаш љубовна. Одземете ѝ ја слободата на љубовта и одземете ѝ ја љубовноста на слободата, и од нив нема да остане ништо. Затоа деца, љубете и не барајте да Ви возвратат со љубов. Бидете слободни и љубовни.

Барањето да Ви возвратат со љубов веќе ја ограничува вашата љубов и таа паѓа. Барањето да Ви возвратат со љубов не е љубов, и Вие не сте слободни, туку сте робови на своето самољубие.

Љубовта која не бара е слободна љубов, таа е неограничена и не зависи од ништо. Љубовта која не бара е вечна, таа нема крај, таа никогаш не завршува. Тоа е Божествена љубов. Слободната љубов на крајот и ќе победи, затоа што ќе му остави доволно простор и време на љубениот слободно да ѝ одговори со љубов“, вели Митрополит Наум.

Извор: pokajanie.mk/Фото: Струмица денес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Заев за Прочка: Им простив на луѓето кои држеа пиштол, веројатно немаа храброст и чиста мета

Прочка е смислата на верата: Прости и нека ти биде простено

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Bonatti во Македонија со трендовска колекција за костими за капење лето ‘19

Редакција

Проф. Трајковски: Во наредните 15-20 дена не влегувајте во било какви затворени простории со многу луѓе

Редакција

(Галерија) Американската амбасадорка Брнз со сопругот во посета на „Лајка“

Редакција