еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Денови на италијанскиот дизајн во Скопје: Модна ревија и мастерклас на еден од најдобрите италијански дизајнери

За деновите на италијански дизајн во Скопје Амбасадата на Италија и ИТА – Italian Trade Agency, организираат настани со кои се промовиира уникатноста и врвниот квалитетот на италијанскиот дизјан.

Темата на овогодинешното издание на деновите на италијанскиот дизајн е: „Квалитет што инспирира -енергијата на дизајност за луѓето и околината“.

-Деновите на Италијанскиот Дизајн во Скопје ќе започнат на 9 март во Ист Гејт Мол со модна ревија на најновите колекции на италијанските брендови Armani, Liu Jo, Patrizia Pepe, Twinset, Sigma Jewlery, Dan John, Errea, Lemare, Tosca Blu, Bark Shoes, Fratelii Bovo, Daniela Coaro, Utopia, Sergio Rossi, Ttrussardi, и Kiko Milano, со која ќе се отвори 26. издание на Fashion Weekend Skopje!

Настанот е од отворен тип, наменет за сите посетители и љубители на модата и дизјанот, кои ќе можат лично да ја почувстуваат возбудата на гламурот од италијанските модни писти.

На 10 март, на Машинскиот Факултет во Скопје, еден од најпознатите италијански дизјанери, Арслан Додо, ќе одржи мастерклас посветен на италијанскиот дизајн и неговите дела.

Арслан Додо е прогласен за Амбасадор на италијанскиот дизајн од Министерството за надворешни работи на Италија и е еден од најдобрите 90 дизајнери во светот.

Со препознатливиот еклектичен стил, Арслан Додо, има дизајнирано многу уникатни парчиња и е специјализиран во делот на мебел и осветлување. Добитник е на наградата Young & Design Prize, и Mini Design Awards.

Арслан Додо е меѓудругото еден од најпопулраните дизајнери во светот и е предавач на повеќе универзитети.

Настанот е од отворен тип и бесплатен, а заинтересираните учесници можат да се пријават директно на Машинскиот Факултет во Скопје, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Редакција

Средношколци фармацевти од Кавадарци изработија спрејови за кожа, ќе ги подарат на жени вработени во училиштето и на сограѓанки

Редакција

Поетска книга од Раде Силјан на бугарски јазик

Редакција