еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска почнуваат божиќните пости: Вистинскиот пост е воздржување од секое зло

Денеска почнуваат божиќните пости кои траат до 7. јануари, Божиќ, кога се празнува раѓањето на Исус Христос.

Но што претставува постот, повеќе од Св. Тихон Задонски. Вистински пост е и телесен и духовен.

„Постои пост телесен, постои и пост душевен. Телесен е пост кога стомакот пости од храна и пијалоци; а душевен е постот кога душата се воздржува од лоши помисли, зборови и дела…

Полезен ни е телесниот пост, зошто ни служи за умртвување на страстите, но душевниот пост толку ни е потребен, што телесниот пост без него е безвреден.

Многумина постат со телото, но не постат со душата; многумина постат од храна и пиење, но не постат од лоши помисли, зборови и дела, и каква им е ползата од тоа? Вистинскиот пост е воздржување од секое зло! Значи, ако сакаш, Христијанину, постот да ти биде полезен, а ти, постејќи телесно, пости и душевно, и пости секогаш.

Како што му налагаш пост на својот стомак, наложи им и на лошите помисли и на своите желби. Нека пости твојот ум од суетни помисли, нека пости твојата волја од лоши желби; нека постат твоите очи од лошо гледање; нека постат твоите уши од срамни песни и клеветнички шепотења; нека пости твојот јазик од клеветење, осудување, хулење, лажење, мамење, од изговарање на срамни и празни зборови; нека постат твоите раце од тепање и грабање туѓи богатства; да постат твоите нозе од одење кон лошо дело. Клони се од зло и прави добро.

Тоа е христијанскиот пост каков што бара Бог од нас.“

Извор:pokajanie.mk/Фото:Европска епархија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Тие што се вакцинирале или допрва ќе се вакцинираат овој месец, ќе имаат највисок степен на заштита пред есенскиот бран

Редакција

Доктор Даниловски: Зошто упорно се инсистира на две дози кај прележаните, во кои студии е напишано дека нивниот имунитетна трае 45 дена

Редакција

До петок сончево, викендов дожд и опаѓање на температурите

Редакција