еМагазин
Македонија

Десет нови позитивни на корона вирусот во гостиварскиот регион

Епидемиолозите со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, регистрираа десет нови случаи. Од меѓуопштинскиот кризен штаб потврдија дека резултатите на тестовите на Ковид-19 биле позитивни кај седум лица од општина Гостивар и три во општина Врапчиште.

Во најмалубројната гостиварска општина, Маврово и Ростуше нема нови случаи.

До денеска вкупниот број на активни случаи во гостиварскиот регион достигна 44. Во општина Гостивар активни се 23 , во Врапчиште 17, а во Маврово и Ростуше 4 случаи.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се над 500 тестирања и вкупно се регистрирани 67 позитивни резултати (33 во Гостивар, 27 Врапчиште и Маврово Ростуше 7).

Како последица од инфицирање со корона вирусот починаа четири лица. За излекувани се водат 19 пациенти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адеми до Милчин: Јас не го негирам постоењето на хотелска градба во Лагадин, или пицеријата кај Чинарот

Редакција

Убава вест: 9 оздравени од Ковид-19

Редакција

Јовески: И Јанева и Стефанова ќе бидат повикани за „Рекет“

Редакција