Десет нови позитивни случаи со коронавирусот се регистрирани во Кавадарци, се работи претежно за млади лица, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Некои од нив, како што кажа, биле контакти на претходно потврдени позитивни случаи на Ковид-19, а други не знаеле од каде се заразиле.
Новозаразените се на возраст од 18 до 51 година. Тројца се со 18 години, тројца со 19, по еден на 30, 33, 38 и 51 годишна возраст. Три од позитивните лица се од женскиот пол. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување.
Докторот апелираше до кавадарчани на внимателност и почитување на мерките за заштита од вирусот.
Од почетокот на пандемијата, досега, Кавадарци бележи вкупно 47 случаи на коронавирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Штип има повеќе активни случаи на Ковид-19 од Чаир, Свети Николе од Дебар
Штип има повеќе активни случаи на Ковид-19 од Чаир, Свети Николе од Дебар
Манчевски по петти пат негативен на корона вирусот: „Излегувам, доста беше“
МИА/Фото: Општина Кавадарци