еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Штип има повеќе активни случаи на Ковид-19 од Чаир, Свети Николе од Дебар

Заклучно со последните податоци, објавени вчера вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата се искачи на 10.086, а бројот на активни слуачи изнесува 4.199.

Скопје останува на врвот по бројот на активни случаи, 1.935.

Скопската општина Чаир се уште е на прво место по активни случаи, 271, каде пред неколку недели оваа бројка се движеше и над 400.

Гледено по општини, Штип е на второ место со 380 активни случаи на Ковид-19.

По Штип следуваат Тетово со 283 и Куманово со 282 активни случаи.

Освен во Штип периодов има драстичен раст на активните случаи и во соседната општина Свети Николе, каде моментално има дури 188 вакви случаи, што е повеќе од неколку други општини низ Македонија заедно, а оваа општина има повеќе активни случаи и од Дебар, каде моментално има 125 активни случаи на Ковид-19.

Растот на активните случаи во Штип и Свети Николе се должи на ширењето на вирусот во конфекциите, а последниов период истиот се шири меѓу контактите на новозаболените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските општини

Бројката на дијагностицирани со Ковид-19 надмина 10.000: Нови 152 случаи, најмногу во Скопје, Куманово, Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондот за иновации за три години потрошил 750 илјади евра за хонорарци, откри Државна ревизија

Редакција

Македонците и Албанците најнесреќни на Балканот

Редакција

12 лекари и 20 медицински сестри ќе ги засилат воените екипи кои помагаат во здравство

Редакција