еМагазин
Image default
Македонија

Десет нови случаи со коронавирусот во Кавадарци, претежно млади лица

Десет нови позитивни случаи со коронавирусот се регистрирани во Кавадарци, се работи  претежно за млади лица, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Некои од нив, како што кажа, биле контакти на претходно потврдени позитивни случаи на Ковид-19, а други не знаеле од каде се заразиле.

Новозаразените се на возраст од 18 до 51 година. Тројца се со 18 години, тројца со 19, по еден на 30, 33, 38 и 51 годишна возраст. Три од позитивните лица се од женскиот пол. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување.

Докторот апелираше до кавадарчани на внимателност и почитување на мерките за заштита од вирусот.

Од почетокот на пандемијата, досега, Кавадарци бележи вкупно 47 случаи на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штип има повеќе активни случаи на Ковид-19 од Чаир, Свети Николе од Дебар

Штип има повеќе активни случаи на Ковид-19 од Чаир, Свети Николе од Дебар

Убава вест: Оздравени нови 70 заболени од корона вирусот, најмногу од Скопје, Свети Николе и Гостивар

Манчевски по петти пат негативен на корона вирусот: „Излегувам, доста беше“

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Балканската рута“ уште функционира: Полицијата откри 12 мигранти кај Смоквица и во Скопје

Редакција

Зафир Хаџиманов со поддршка „За“ на референдумот за името

Редакција

Во следните два месеци Филипче очекува намалување на ширењето на коронавирусот

Редакција