еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Детален преглед: Какви хронични болести имале починатите од Ковид-19 минатата недела, а кои биле вакцинирани

Министерството за здравство го објави неделниот извештај за починати лица со Ковид-19, кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани.

За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.

Во период од 15.10-21.10.2021 година починале 124 пациенти со Ковид-19, од кои 27 биле вакцинирани.

Оваа се хроничните заболувања што ги имале починатите од Ковид-19, кои биле вакцинирани.

15 октомври: 71 години, кардиолошко заболување, 80 години, кардиолошко заболување, 75 години, кардиолошко заболување.

16 октомври: 69 години, кардиолошко заболување и дијабет, 72 години со кардиолошко заболување и заболување на тироида, 74 години, кардиолошко заболување и дијабет, 68 години, каридолошко заболување и обеситас.

17 октомври: 87 години, кардиолошко и пулмолошко заболување, 86 години, кардиолошко заболување и дијабет, 65 години, кардиолошко заболување и белодробно заболување и обеситас, 75 години, кардиолошко заболување, 80 години, кардиолошко заболување и белодробно заболување, 63 години, кардиолошко заболување, 69 години, каридолошко заболување и белодробно заболување, 71 години, кардиолошко заболување, пулмолошко заболување и дијабет, 69 години, кардиолошко заболување и обеситас.

18 октомври: 68 години, кардиолошко заболување, 72 години, белодробно заболување, 80 години, кардиолошко и белодробно заболување.

19 октомври 74 години, крдиолошко заболување и обеситас, 83 години, HTA ABI, 81 години, HTA.

20 октомври 79 години, HBI, 79 години, ХОББ и кардиолошко заболување, 67 години, кардиолошко заболување.

21 октомври 93 години, кардиолошко заболување, 89 години, HTA ,белодробно заболување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

16 пациенти вакцинирани со „Синофарм“ починале од Ковид-19 минатата недела, а шест со „Синовак“

За една недела починале 124 болни од Ковид-19: 97 биле невакцинирани, а 27 вакцинирани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со здрава исхрана, вежбање, помал стрес може да се намали ризикот од развој на тумор на мозок

Редакција

Променливо облачно време денеска, попладне со пообилни врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места

Редакција

(Фото) Вечер празнично во домот на Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска

Редакција