еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 334 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 18 во ковид центарот во Гостивар 19, а во Струга 23 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 3 во Кичево 8, Кавадарци 13, во Гевгелија 8 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 597 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев најавува пријатни изненадувања на состанокот на ЦО на СДСМ во Охрид

Редакција

Од денеска на настава сите, заврши еднодневниот штрајк

Редакција

1.039 нови случаи на Ковид-19 од 3.143 тестирања, најмногу во Скопје 546

Редакција