еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 412 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Министерство за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 65 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 48 во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 26  болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 11 во Кичево 15, Кавадарци 23, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 718 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Јакимовски доби 30 дена притвор

Редакција

„Правда за жртвите“: Нов протест пред Владата поради случајот со Клиниката за онкологија

Редакција

170 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција